“Росбалт”: Убиството на Немцов не е нарачано

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Убиството на Борис Немцов не е нарачано, соопшти весникот “Росбалт” со упатување на извор во истрагата. Потпирајќи се на прелиминарни заклучоци од истрагата, тој соопштил дека делото е на лична иницијатива на поранешните борци на спецбатаљонот на внатрешните сили “Север” Заур Дадаев и Бислан Шаванов.

убиец немцов

Според изворот на информациите, истрагата  сега  работи на верзијата за нарачани убиства, сепак ” сето покажува дека двајцата планирале сè “.Според истрагата Дадаев и Шаванов, отпуштени од “Север”, долго не можеле да најдат работа и затоа многу време поминувале заедно, разговарале на религиозни теми. Пример разговарале карикатурите на пророкот Мухамед и го критикувале францускиот весник Charlie Hebdo. За време на разговорите тие разговарале кој политичар во Русија поддржува француските карикатуристи, вклучувајќи го и  Немцов. Дадаев и Шиванов одлучиле да  казнат некој од овие политичари, со  две цели: Да се одмаздат за критичните искази, исто така да си го подигнат авторитетот меѓу жителите на Северен Кавказ, особено во Чеченија и Ингушетија, забележува сајтот “Росбалт”.

Верзијата за недостаток на нарачател звучи логично и веродостојно. Прво, Немцов во значителна мера е  потенцијал на опасен противник на Путин; Второ, неговото убиство дава вишок адути на противниците на Путин; Трето, убиството во близина на Кремљ и неговата ефикасност зборува дека не е дело на професионални кубијци; Четврто, руските тајни служби имаат долгогодишно искуство да ги отстрануваат луѓете, без да остават никакви траги и тоа  преку отрови, радиоактивни материјали и симулирање на несреќи.