Причина зошто треба да го избришете Фејсбук од својот телефон

од Vladimir Zorba
95 прегледи
Иако за новите генерации ова е речиси невозможен потфат, има причини зошто веднаш би требало да ја избришете апликацијата на Фејсбук од вашиот мобилен телефон и да пристапувате во најголемата социјална мрежа само преку прелистувач.tech_facebook_app_redesign
Компанијата АВГ, која се занимава со заштита на уредите од разни малициозни зарази, објави листа на апликации кои се најголем непријател на батеријата и на целокупната работа на смартфонот, а Фејсбук апликацијата е прогласена за голем „душман“.  Таа е трет најголем виновник за трошењето на батеријата и Интернетот.
Затоа наш совет е отсега пристапот до социјалната мрежа да го правите од некој од прелистувачите, бидејќи ги има истите функции како и апликацијата, но на тој начин се зачувуваат батеријата и Интернетот на телефонот.