Последната „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за изборните манипулации ги потврди сите забелешки на набљудувачите на изборните процеси за одредени нерегуларности, пишува РСЕ
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во петокот објави снимени телефонски разговори, на кои, како што вели, се слуша како државни функционери разговараат за изборни манипулации. Од снимките можеше да се слушнат разговори за фалсификување на лични документи, искористување на гласачи од Пустец, користење на државни ресурси за партиски цели, притисоци, закани и злоупотреби на групи граѓани.
Дарко Алексов од невладината Мост која има најмногу набљудувачи на изборите не сака да ги коментира прислушуваните разговори, но вели дека притисоците и неправилностите се познати и никогаш не биле скриени а се тоа ериозно го нарушува кредибилитетот и квалитетот на изборниот процес.
„Ако поаѓаме од презумпцијата дека макар и едно ливче непоклопување во сумирањето на резултатите е основа за поништување на избирачко место, тогаш важноста на секој еден глас , а не повеќе гласови ,е неопходна и многу битна во изборниот процес“, вели Алексов Од ДИК соопштија дека ќе закажат седница на која ќе ги разгледуваат тврдењата на Заев.
повеќе тука