САД ја сопреа програмата за „чувствителни“ патенти

од Vladimir Zorba
102 прегледи
Малку позната, но контроверзна програма која обележува „чувствителни“ апликации за патенти, беше прекината во Заводот за патенти на САД. Програмата е поврзана со потенцијално контраверзни теми како вакцини против СИДА и уреди за абортуси.federal-cloud-strategy
Наречена „Предупредувачки систем за осетливи апликации“, програмата беше лансирана во 1994 година и имаше за цел да го извести раководството на агенцијата за апликации кои би можеле да генерираат „неповолен публицитет“.
Во јануари оваа година Заводот започна преглед на програмата, инициран од откритијата на адвокатска фирма на база документи добиени преку Законот за слобода на информациите. Документите покажуваат многу видови патентни пријави кои биле означени, како на пример машина за самоубиство, дијагностика на расна основа, но во исто време и многусмартфони и „пионерски“ технолошки уреди.
Адвокатите веруваат дека програмата има за цел да и помогне на патент службата да избегне некои конфузни ситуации, но може да доведе до значителни доцнења и откажувања при издавањето на патенти, објави Ројтерс.
Ниту барателите на патенти, ниту нивните адвокати имаат право да знаат дали пријавите биле означени, додаваат правниците. Од службата посочуваат дека само 0,04% од сите апликации биле означени.