Бомба 8 : Јанакиески и Мијалков договораат кражба на избирачки списоци

од desk3
127 прегледи

Во вториот блок „скандалозни материјали“ се договара кражба, потенцираше денеска СДСМ од Универзална.

Како во криминален филм министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, дошол до клуч од депото каде што се чуваат избирачките списоци и се договараат со првиот човек на ДБК Сашо Мијалков да ангажираат вешти луѓе да ги украдат материјалите, и потоа да ги употребат за притисоци при гласањето, иако се запечатени од ДИК.

Во вториот сет разговори се слушаат министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и првиот човек на ДБК Сашо Мијалков.

Од првиот сет од телефонски разговори, во објавените снимки се слуша како Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и заменик-министерот за образование Спиро Ристоски како нарачуваат лични карти за да бидат искористени во Струмица и во Ресен за време на избори.