Првиот опозиционер Зоран Заев вечерва ги достави барањата за излез од политичката криза. Побара оставки од Груевски, Зврлевски, директорите на МТВ и формирање преодна Влада. Според него во таа влада ќе нема место за некој кој има кримнално мината. Преодната влада ќе требало да го разоткрие целиот криминал со прислушувањето под европски мониторинг и потоа ќе треба да организира фер избори.
По веста од МВР дека Заев се сомничи за поткуп првиот опозиционер од Универзалната сала одговори на власта. Посочи дека цела година бил под ПИ мерки и бил местен од биснисмен. Соопшти дека за тоа бил изготвен записник уште вчера. Како што рече Заев, во очи на биснисменот му рекол “како не ти е срам, дедо си , имаш внуче” да се обидуваш да ме местиш.
“Нема да молчам за да биде заштитен сведок како во случајот со Љубе Бошкоски. Бизнисменот е Иво Сачивалиев од фирмата ИВО”
На крајот Заев посочи дека ова нема да биде финалната трибина и ќе одел до крај за разобличувањето на криминалите на власта. Побара власта да не се труди да го резединува народот и да не предизвикува инциденти.
