Облачно со слаб северен ветер и со локален слаб дожд на пониските места, а на повисоките места и на планините со локлен слаб снег.
Претежно облачно, ќе има повремени и локални врнежи од дожд, на планините од снег, на повисоките места од дожд и снег.
Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западниот и јужниот дел од земјава. Во попладневните часови постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб ветер од северен правец. .
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во Скопје:Облачно, предпладне со повремен слаб дожд.. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 6 степени.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 08 часот: 102 Маврово, 41 Пожаране, 40 Ѓуриште, 27 Лазарополе, 26 Крушево, 23 Пожар, 11 Крива Паланка, 6 Берово, 1 Тетово.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа (во л/м2): 7 Пожаране, 5 Скопје на З.Р., Тетово, 4 Маврово, 3 Скопје- Петровец, Штип, Куманово, Дебар,
2 Виница.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: -6 Маврово, -3 Лазарополе -2 Крушево, -1 Берово, 0 Крива. Паланка, Куманово, Тетово, Дебар,
1 Скопје на З. Р., Виница, 2 Скопје-Петровец, Охрид, Штип, Прилеп, 3 Битола, Кавадарци, Струмица, Претор, 4 Д. Капија, и 5 Гевгелија и Дојран.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Потоа во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален краткотраен дожд, на планините со локален снег.
