(ГАЛЕРИЈА) Зимските лизгалишта со несекојдневна архитектура

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Можеби сме кон крајот на зимата, но сѐ уште лизгањето на мраз е актуелна забава за младите и старите.71ce88b146f64bcdc5e93f233b785183

Затоа решивме да истражиме кои се најинтересните лизгалишта во светот од архитектонска гледна точка.

Првото лизгалиште од нашите избрани први 8 се наоѓа во Чикаго, САД и поточно во новиот комплекс “Maggie Daley Park Skating Ribbon”.

Предметниот модерен објект е најновиот додаток кон туристичката населба на Чикаго. Зимското лизгалиште на мраз ги отвори вратите кон крајот на 2014 година.

Пејзажната архитектура е дело на фирмата на Мајкл Ван Валкенбро. Таа е со брановидна форма и личи на глацијална писта во шумичка од зимзелени дрвја.

Тоа е најголемото лизгалиште во САД.Во летните месеци тоа ќе се претвори во убаво шеталиште, кое обезбедува пристап до различни делови на паркот.

Видете кои се другите 7 зимски лизгалиштаи во рангирањето подолу.

2296e07f5fadc344202b638402918df5“Rosa Parks Circle”, Мичиген
Архитектот на ова лизгалиште – Маја Лин сакал во проектот на лизгалиштето да ги прикаже трите форми на водата – тврда (лизгалиштето), течна (фонтана) и пареа (фонтана). Сотруктурата на лизгалиштето е како амфитеатар, а во подот има вградено осветлување од фиброоптични светла.

d312e83acfeb531b0eb055f9bf31002a

Лизгалиштето “Дејвид С. Инголс” во Њу Хевн, Конектикат
Ова лизгалиште го става почетокот на хокејарскиот тим “Булдогс”. Тоа е изградено во 1958 година од страна на архитектот Ееро Сааринен.Структурата има стрмен покрив, поради кој ѝ го добило прекарот “кит”. Зградата е обновена во 2010 година и денес може да се користи во текот на целата година.

e765beadbfe05583b21ce0d54c171abc

Лизгалиштето пред Ајфеловата кула, Париз
Секоја зима, од почетокот на декември до средината на февруари, на првото ниво на најпознатата знаменитост на Париз се прави лизгалиште, од кое се открива прекрасен поглед кон градот. Посетителите можат да уживаат во различни делови од реновираното прво ниво на кулата што има стаклен под и хај-тек инсталации.

b0ae7d1d44a915e4ec48197c9c04524e

“Ајс Ринк” во Лиеж, Белгија
Оваа затворено лизгалиште во Лиеж е завршено во 2012 година, а е дизајнирано од голема архитектонска фирма. Таа има заоблена форма и оригинална фасада направена од 200 000 алуминиумски снегулки. Објектот има олимписки димензии.

927170dbb3bb3c0702dceaf1483b98bb

Сомерсет хаус Лондон

Ова зимско лизгалиште во британската престолнина е со поглед на реката Темза. Таа веќе се претворило во магично место за туристите и жителите на мегаполисот, особено за време на зимските празници. Отвореното лизгалиште на мраз е направено во дворот на величенствена зграда во неокласичен стил, изградена од архитектот Сер Вилијам Чамберс во крајот на 18 век.

9abc287110a6c41652d5cc911af2e59d

Зимското лизгалиште пред ГУМ во Москва, Русија
Секоја зима од 2005 година, пред стоковната куќа ГУМ во Москва, на Црвениот плоштад, се прави огромно лизгалиште на мраз. Лизгачите можат да уживаат во познати атракции, вклучувајќи го Кремљ, додека се вртат на мразот. 67b9c1d06090b42fbad6d798b97067f3

Депот, Минеаполис, САД

Ова зимско лизгалиште е сместено во поранешна железничка станица, која е дизајнирана од страна на Чарлс Самнер Фрост во 1899 година. Ова е најголемото лизгалиште во градот, а од подот до таванот е во прозорци, низ кои лизгачите можат да се восхитуваат на хоризонтот во Минеаполис. Во историскиот комплекс “Milwaukee Road Depot”, денес познат едноставно како Депото, има уште еден хотел, ресторан, бар и затворен воден парк.