Епл го пушти ајОС 8.2 со поддршка за Епл Воч

од Vladimir Zorba
112 прегледи
По неколку месеци бета тестирање, Епл и официјално ја претстави достапноста до ајОС 8.2 во полна верзија. Епл ќе лансира нов софтверски код за уредите кои ќе го поддржуваат. Фирмверот е достапен преку ајТјунс продавницата, а поддржаните уреди ги вклучуваат ајФон 4Ес, ајФон 5, ајФон 5це, ајФон 6 и ајФон 6 плус, како и сите модели на ајПад (без првата генерација) и ајПод тач од петтата генерација.apple-watch-iphone-6-540x334
Епл го темпираше ова лансирање заедно со бјавата на паметниот часовник Епл Воч. Па така новата надградба на часовникот носи и поддршка за ајОС 8.2, како и бројни подобрувања за Хелт апликацијата.
Исто така, тука има и низа други подобрувања, кои се однесуваат на стабилноста, безбедноста и корегирање на „багови“.