Првата фотографија на ЕлЏи Џи4

од Vladimir Zorba
328 прегледи
Она што би требало да претставува рендер фотографија на ЕлЏи Џи4 телефонот, веќе се појави на веб-просторот на Твитер сметката @onleaks. Таа ни го покажува задниот дел на телефонот во сива боја, а како што може од прв поглед да се забележи, Џи4 изгледа речиси исто како и неговиот претходник – Џи3.LG_G4_leaked_image_camera
Сепак оваа фотографија ни говори дека телефонот е малку закривен. Сензорот на камерата е најголемата разлика во изгледот на задниот дел, додека копчињата за вклучување/исклучување, за звукот, ласерскиот фокус и двојниот ЛЕД, се потполно исти. Рендерот наводно е малку постар, па веројатно финалната верзија на телефонот ќе изгледа поинаку.
Од изворот се дознава дека димензиите на телефонот се 148,9 x 76,5 x 9,9 мм. ЕлЏи Џи4 го очекуваме во текот на април, а во него се очекува да има и процесор Снапдрагон 810, камера од 16 МП и КХД дисплеј.