МВР преку бизнисменот Сачевалиев сака да го уапси Заев?!

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Кривичната пријава која, додека опозицијата во Универзалната сала  објавуваше “бомби“ за изборни измами,  ја најави полицискиот портпарол Иво Котевски, според извори на Либертас, е за лицето кое Заев јавно посочи дека преку него сакале да го наместат и уапсат исто како Бошковски.

zaev 1

Нашите извори тврдат дека обвинувањата од полицијата дека Заев барал мито од 200 илјади евра се однесуваат на она што од говорница Заев јавно го кажа – дека цела година преку струмичкиот бизнисмен Иво Сачевалиев се обидуваат да го наместат.

Заев рече дека една седмица знаел дека го притискаат Сачевалиев и дека утрово му се јавил да му каже дека требе да се срами што прифатил да прави такви работи.

МВР според непотврдени информации во кривичната пријава за барање мито можно е да побара притвор за опозицискиот лидер Заев.

Во СДСМ за Либертас велат дека од ваква власт се е можно, но дека ке продолжат да ја шират вистината за Македонија и за режимот кој не бирал средства да се одржи на власт.

Во новинарските кругови вечерва се шират гласини дека наводно се повикани неколку подобни за власта новинари, да бидат брифирани дека опозицискиот лидер кому за обвинувањето Пуч му беше одземен пасошот, полицијата ќе се реши да го уапси со обвинување дека барал мито.