Признанија за убиството на Немцов изнудени со сила?

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Заштитник на човековите права го посетил Заур Дадаев во притвор, и тврди дека во неговото тело има модринки.Заур Дадаев вчера се одрече од признанија .

20150311.wlozdhhlaf

Уапсениот за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов – Заур Дадаев, искажал  признанија по тортура, коментира БиБиСи. Претставникот на организацијата за човекови права Андреј Бабушкин го посетил затворениот  Чеченец во притвор во Москва. Според него по телото на еден од главните обвинети во случајот за смртта на еден од главните противници на рускиот претседател Владимир Путин,  има модринки и други траги од физичко насилство.Чеченец тврди дека бил држен несигурни два дена и на главата му биле  ставана вреќа. Заштитник на човековите права дополнува и за повреди на телата на уште двајца осомничени сторители на кривичното дело во центарот на руската престолнина од 27 февруари 2015 година – Шагид и Анзор Губашеви.
Бабушкин упати барање до Генералното обвинителство на Русија да се разгледа повтрно  случајот. Самиот Заур Дадаев вчера се одрече од признанија .