Засега е рано за преодна Влада, порачува Али Ахмети по вчерашната бомба на опозицијата. Од ДУИ сметаат дека во моментов е рано да се зборува за формирање преодна Влада, но потенцираат дека тоа е засега, иако не сакаат да конкретизираат кога би бил вистинскиот момент за да дадат поддршка.
Според помалиот коалициски парнер во власта , тие се согласни со барањето на Заев за вклучување на меѓународиот фактор во спроведување на истрагата. Според ДУИ барањето на Заев го поддржуваат во контекст на пошироко ангажирање од страна на Брисел од кој ДУИ бара да ангажира политички тим засилен со правни експерти кои ќе помогнат да се расветли случајот со прислушувањето.
