Лондон подготвува терен за нов мост над Темза

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Светските архитекти го отворија креативниот вентил на конкурсот за дизајн на нов мост над реката Темза во Лондон. Во декември минатата година, Советот на округот Вендсворт распиша интернационален натпревар за дизајн на нов мост над Темза, кој ќе ги спојува лондонските соседства Најн Елмс и Пимлико.130-800x533

Повикот беше отворен за сите светски архитектонски студија со предуслов да се достави идејно решение за проект чиј дизајн ќе биде спој на убавата и иновативната архитектура со високата функционалност неопходна за еден ваков урбан проект за пешачки и велосипедски мост кој ќе ги поврзе двете познати соседства на спротивните страни на реката. Од стотици креативни предлози во првиот круг поминаа 74 најкреативни, впечатливи и несекојдневни дизајни. Победникот на натпреварот ќе биде оној кој ќе успее да допре најдлабоко до срцата на лондончаните кои се значително горди на својата река и нејзиното наследство.

Погледнете ги 15-те највпечатливи идејни решенија кои го заскокоткаа светскиот интерес за овој нов архитектонски проект во Лондон.

151413121111059872364

 

 

Design.mk