(ВИДЕО) Заев не сакаше да го коментира денешниот распит во обвинителството, ама немало да молчи

од desk3
138 прегледи

Првиот опозиционер Заев, повеќе од еден час беше на распит во скопското Јавно обвинителство во одделот за организиран криминал. Заев давал исказ за случајот „Пуч“ во кој е четвртоосомничен.

zaev21-540x338

„Го почитувам Уставот и законите на оваа држава и токму поради тоа одлучив да дојдам на повик на обвинителот“, изјави Заев пред да влезе во Судската палата.

Засега нема информации што точно Заев бил испрашуван Обвинителот, но како што дознаваме неофицијално, Заев не дал своја одбрана, не му биле презентирани ниту доказите што ги има против него Обвинителството и, според неофицијални информации ми било посочено дека ќе биде повикан за да му бидат презентирани доказите за „Пуч“.

„Дојдов за да потврдам дека го почитувам Уставот и Законите и да оставам трага во сите овие процеси. Се надевам дека поединци во Обвинителството и во судството ќе се одважат да судат и да носат одлуки исклучиво по закон. Ништо повеќе, ништо помалку! Знам дека најголем број од вработените во Обвинителството и во судството се чесни луѓе. Еден дел се под притисок, а еден, многу мал дел се директни извршители и соучесници со извршната власт во незаконските дејствија. Нема да ги коментирам разговорите во обвинителството заради тоа што сакам да останам на тоа што го зборувам и да го почитувам процесот“, рече Заев .

Пријавата против Зоран Заев уследи по изјавата на премиерот Никола Груевски дека одредени структури во државава подготвувале државен удар. Вчера, на распит во обвинителството беше спроведен и ексдиректорот на УБК, Верушевски, кој во овој случај доби притвор .