Ирска по грешка го озакони поседувањето на екстази за 1 ден, откако Апелациониот суд во земјата ја призна противречноста на Уставот постапката за забрана на поседување на психотропни супстанции. На овој начин екстазито, метаамфетамини и други материи кои се сметаат за дрога, се покажаа легални во средата.

Судот ја блокира забраната на новите дроги, поради начинот на кој владата пополнува забранетата листа, формирана во 1977 година, без да се консултира и со двата дома на парламентот. Така се отвори правна дупка со која човек не може да биде уапсен на улица, ако поседува или продава екстази.
Решението не го засегна ширењето, поседувањето и продажбата на хероин, кокаин или марихуана, опишани на друга листа.
По веста за одлуката на судот Владата итно во вторникот вечерта до парламентот исптрати дополнување на текстот на законот. Кај повеќето забрзана постапка за поседувањето на екстази ќе е легално се до четврток, однсоно до утре кога ќе стапи во сила новиот закон, појаснија властите. пренесе “Дејли телеграф”.
До случајот до Апелациониот суд стигна барање од Станислав Бедерев, осуден во 2012 година за поседување на дрога. Тој си купил дрогата од ирска продавница за супстанции наречени “легални дроги” или “хербални лекови”.
Во 2010 година Владата започна кампања за нивно затворање. Конкретен стимуланс – метилеткатинон, бил вклучен во забранетата листа во 2011 година
Во 2014 година, Врховниот суд го потврди правото на Владата да ја менува листата на забранети супстанции од 1977 година, но адвокатите на Бедерев сепак поднесоа жалба дека не е можно поседување на дадена дрога да е легално еден ден и нелегално следниот ден. На крајот Апелациониот суд ја поништи декрет листата за новите дроги.