Началникот на полицијата во Фергусон, Мисури, Томас Џексон поднесе оставка, пренесе “Ројтерс”.
Тој е шестиот претставник на властите, кој ја напушта својата функција по извештајот на Министерството за правда за систематски манифестации на расизам во локалните полициски станици и судството. Оставката на Џексон влегува во сила од 19 март.
Во меѓувреме, двајца полицајци биле повредени како резултат на пукање за време на протест во близина на полициската станица. Протестите во реонот на управувањето прераснаа во судири со полицијата, по што било пукано. Информациите за повредените вработени беа потврдени од страна на полицијата.
Градоначалникот на Фергусон Џејмс Ноулс го нарече шеф на полицијата “чесен човек” и појасни дека иницијативата за повлекувањето е дојдена од самиот него. Според неговите зборови, Џексон споделил дека најдобар начин за промена е изнаоѓање на друг директор на полицијата.
“Фергусон сака да послужи за пример за тоа како една заедница може да се предвижи напред, исправена пред лицето на тешкотиите”, додаде Ноулс.
Томас Џексон беше критикуван откако употреби гумени куршуми и солзавец против демонстрантите по убиството од полицаецот Деран Вилсон на младиот црнец Мајкл Браун во август 2014 година. Против Вилсон не беа покренати обвиненија, но тој се повлече од функцијата.
Убиството разви национални поворки, протести и немири. Министерството за правда на САД започна својата истрага и по резултатите по инкриминирачки докази против властите во поглед на дискриминација, во почетокот на неделава оставки поднесоа двајца од критикуваните – Општинскиот судија Роналд Брокмејр и административниот раководител на Фергусон Џон Шау.
Во исто време двајца полицајци беа отстранети привремено од позицијата и подоцна поднесоа оставка, а друг вработен беше отпуштен.