Вил.Ај.Ем: Наскоро ќе видиме 3Д печатени луѓе

од Vladimir Zorba
86 прегледи
Не сме сигурни дали Вил.Ај.Ем навистина се возбудува од технологија колку што демонстрира, но креативниот директор на Интел продолжува да зборува за нив. Откако одржа интересна кампања со Кока-Кола, тој зборуваше за 3Д печатењето пред списанието Дизен.will.i.am-Intel
Според него, треба да се создадат нови морални и етички норми поврзани со 3Д печатењето. Тој се пошегува дека кога Мојсеј ги примил десетте заповеди, тие не вклучувале ништо поврзано со 3Д печатењето.
Музичарот е сигурен дека за десет години ќе можеме да печатиме мали парчиња човечко ткиво, а подоцна и многу повеќе. Според него тоа се докажува од Законот на Мур, макар што не сме сигурни каква е врската меѓу двете.
Поранешниот фронтмен на Блек Ајд Пис не ја отфрла и можноста за телепортирање преку 3Д печатење.