Првиот подводен ресторан во светот наполни 10 години

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Какво би било чувството да вечерате во луксузен амбиент под вода, додека над вас пливаат различни океански жители?6263e1ae5771b15ff9c27ad0051cfe29

Ресторанот Ithaa на Малдиви веќе цела една декада им овозможува на ентузијасти од целиот свет да добијат одговор на ова прашање.1227742c7d201784d525869b26d2757b

Првиот подводен ресторан во светот, кој се наоѓа на островот Рангали слави 10 години од своето основање.
Тој е “потонат” 5 метри во водите на Индискиот Океан и се претворил во Мека за љубителите на храна, култура, архитектура и чудни искуства од целиот свет.ed19447d677e03a27c91d77566bdd7a7

Името Ithaa се преведува како “бисер”, што никако не е случајно. Ресторанот има криви ѕидови и нуди панорамски поглед  од 180-степени- вистински скапоцен камен меѓу подводниот свет. Гостите на локалот можат да уживаат во прекрасната блиска лагуна, гребени и тропски риби.
Малдивското чудо Ithaa повеќепати е признато за најубавиот ресторан во светот кој брзо се претвора во популарна туристичка атракција. Затоа не е изненадување што локалот е едно од најскапите и престижни места за јадење во светот. По повод својот роденден, 15-ти април, Ithaa ќе биде домаќин на специјалната сомелиерска вечера.ae6ddc69d1433deca033349db542d158