Средба Бејли-Жерновски : Независен јавен обвинител – прв чекор за излез од кризата

од desk3
85 прегледи

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска оствари средба со новиот амбасадор на САД, Н.Е. Џес Бејли.

Zernovski-Bejli-3

 

На едночасовната средба, која се одржа во кабинетот на Жерновски, договорен е натамошен контакт во интерес на двете држави. Заклучено е дека се неопходни чекори и од власта и од опозицијата за да се врати довербата во државата.
„Заклучивме дека навлегуваме во чувствителна фаза, во која мора се најдат решенија и да се седне на заедничка маса. Прв чекор за излез од кризата е именување на независен јавен обвинител. Сигурен сум дека ова има поддршка, а целиот процес треба да биде однадвор набљудуван“, изјави по средбата, Жерновски.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали се размислува за јавен обвинител – странец, градоначалникот на општина Центар посочи дека не е добро јавниот обвинител да биде од надвор.
„Тешко е да се најде вакво лице, но сепак има такви луѓе, има чесни луѓе во судството“, рече градоначалникот Жерновски.

Темата „Преодна влада“ била отворена на средбата и се размислува на тоа, но сепак за став на амбасадорот, Жерновски ги упати новинарите на амбасадата на САД.