Сите знаеме дека Лас Вегас е град кој никогаш не спие. Тој е центарот на коцкарската забава во САД, рекламиран е како најзабавниот главен град на светот, а е познат и како градот на гревот.
Тука не само што сите форми на коцкање се легализирани, но и нема ограничувања во понудата на алкохолни пијалоци во секое време, а освен тоа тука има секакви форми на забава за возрасни.
Инспириран од тоа, познатиот фотограф Винсент Лафоре решава да направи ноќни снимки на мегаполисот, но од 3 илјади метри надморска височина. Од оваа далечина Лас Вегас личи на играта флипер, светлечка во секакви неонски бои.
Фотографот направил уникатни снимки додека летал над градот со хеликоптер, за да добие најдобар поглед. Му требало доста храброст да ги направи ноќните фотографии, но од резултатите се гледа дека ризикот се исплател.
Градот на гревот личи на оаза на светлата, опкружен со потполна темнина, кој всушност ја претставува пустината Невада.
Бидете сигурни дека тоа е град кој никогаш не спие .








