Брод со класичен дизајн и со модерна технологија

од Vladimir Zorba
101 прегледи
Желбата на францускиот дизајнер Димитри Без да се креира модерен, елегантен и високотехнолошки брод доведе до дизајнот за  „Zebra“. „Zebra“, именуван симболично по шарите на површината, е електричен брод со дизајн што претставува симбиоза на класичните природни материјали, дрвото, кожата и металот, со модерна технологија како електричен мотор и OLED таблетот на допир за навигација на бродот.4

Изгледот на бродот е инспириран од безвременскиот дизајн на „947 Sea Maid Wooden Ski Boat“, од класичните монденски бродови. Надворешноста на бродот е изведена од дрвени летви и хром по контурите на структурата, додека, пак, внатрешните делови и седиштата се обложени со кожа. Интересна и впечатлива нота во дизајнот на бродот му дава дијагоналната поставеност на материјалите и на елементите во целата негова изведба.26 

135