Исланд ја закопа во земјата кандидатура за влез во ЕУ, можеби и за на многу подолго време. Земјата, предводена од евроскептицизмот, одби да се потчини на квотите на риболов на Брисел. Одлуката беше формално објавена во Литванија, која е актуелен претседавач со ЕУ и ќе мора да биде предадена до Европската комисија.
Тоа е спроведување на програмата на централнодесничарската коалиција, која е на власт од 2013 година и вети дека ќе стави крај на процесот на пристапување.
“Интересите на Исланд се подобро обезбедени надвор од ЕУ”, изјави Министерството за надворешни работи . Премиерот Сигмундур Давид Гјунлаугсон потсети дека “ниедна од партиите” на власт немала намера да ја продолжи работатата, која би требало да се заврши пред пристапувањето кон 28-те земји членки на ЕУ.
Како приврзаник на пристапувањето лидерот на опозициските социјалдемократи Арни Пал Арнасон, жали за тоа што не успеа да добие мнозинство во парламентот по ова прашање.
Исландски социјалдемократи не успеаја да објаснат на јавноста како ќе го премости јазот помеѓу Брисел и Рејкјавик за прашањето за рибарските квоти. Овој чувствително прашање дури не беше разговарано за време на преговорите, водени меѓу јуни 2011 и јануари 2013 година
“Владата нема намера да спроведе референдум”, изјави Министерството за надворешни работи. И дури и повеќе “ако процесот треба да се повтори во иднина, Владата смета за важно за се тоа да не се направи без претходна консултација со нацијата”.
Дури мнозинството гласачи да преферираат референдумот, изгледа тешко да се замисли што би можело да ги натера да гласаат со “да” , бидејќи земјата веќе има многу предности благодарение на врските со ЕУ без да страда од недостатоците.
Исланд е член на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) и ја применува Конвенцијата од Шенген, што овозможува слободно движење на луѓето.
Ова им овозможува на земјата да извезува морскиот фати кон сушата без тарифната бариера, иако тоа ја внесува во “војната на скуша” со ЕУ. Откако Исланд зголеми својата квота за фаќање во 2010 година, со образложение дека глобалното затоплување е натерало скушата да доселува на север, конфликтот не е решен, и покрај бројните средби.
На островот изгледа незамисливо да се остави Брисел да ја одредува исландската риболовна квота.
Шенгенскиот стимулира друг важен сектор за земјата – туризмот, кој е од клучен за значење за девизните приходи.
Повеќе од шест години по колапсот на хипертрофираниот финансиски сектор, уривање што го потопи островот во рецесија, главната грижа на поголемиот дел од Исланѓаните не е ЕУ, туку кредитите склучени во текот на годините на економскиот “бум”, кои тешко се враќаат.
“БДП по глава на жител останува помал отколку во 2008 година, и покрај тоа што нема недостаток на работа, ниту недостигаат добро платени работни места, особено за младите професионалци”, изјави за АФП Асгеир Џонсон, професор по економија на исландски универзитет . / АФП
