Могерини се извини затоа што за нашата земја рекла Македонија. На прес конференцијата на 4 март Федерика Могерини, шефица на европската дипломатија, одговарајќи на новинарско прашање за кризата во нашата земја, неколку пати рече “Македонија”.
На ова Грците во Брисел, како по обичај, се возбудија. Весникот New Europe веднаш ја пренесе изјавата на Могерини која ја нарече “погрешен чекор” а тоа го сторија и други медиуми.
По реакциите од грчките медиуми и пратеници, Могерини на таа тема разговарала и со грчката влада. Потоа во Европскиот парламент таа се извини за употребата на “Македонија”:
“Секогаш велам ПЈРМ. Некогаш се случува да се направите грешка, особено кога 24/7 се занимавате со кризи и умор од временски разлики при патувања и ја користам оваа прилика да се корегирам поради тоа бидејќи секогаш се држам до официјално признаеното име. За тоа разговарав и со грчките власти”, рече Могерини.
