Со Путин се е во ред, уверува Кремљ

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, изјави во интервју за Асошиејтед прес дека Владимир Путин е во “одлична здравствена” состојба . Тој демантираше  и ги негираше неодамнешните претпоставки дека рускиот лидер е болен и затоа го одложил предвиденатаза вчера посета на Кахазстан. Песков објасни дека распоредот на Путин за наредните денови е натоварен, вклучувајќи неколку средби со странски претставници, а другата недела, ” кон крајот “, ќе се одржи и посетата на Казахстан.

питкин

Шеесет и две годишниот руски лидер за последен пат  беше виден на јавен настан на 5 март, кога се сретна со италијанскиот премиер Матео Рензо. Потоа за околу една недела исчезна од очите, нешто сосема невообичаено за него, забележуваат американските медиуми.