Најава на смартфонот Хуавеи Хонор П8

од Vladimir Zorba
105 прегледи
Хуавеи наскоро ќе започне со продажбата на смартфонот Хонор П8, карактеристичен по тоа што од двете страни е покриен со калено стакло Корнинг Горила Глас 3.huawei-honor-6-3-640x0
Паметниот уред е опремен со 5-инчен екран со резолуција 1280х720 пиксели и ИПС матрица и се базирани систем-на-чип ХајСиликон Кирин 930 со осум јадра кои работат на 2,0 ГХз такт. П8 располага со 2 ГБ РАМ меморија, 16 ГБ флеш диск и слот за надворешни микроЕсДе картички со максимален капацитет до 64 ГБ.
Останатите технички карактеристики вклучуваат главна камера со резолуција 13 МП со автоматски фокус и двоен ЛЕД блиц, предна камера со резолуција исто 13 МП, 802.11 a / б / г / н ви-фи и блутут 4.0 модули за безжична конекција и батерија со капацитет 2.200 милиампер часови.
Уредот работи под управување на оперативниот систем Андроид 4.4.4 (КитКет) со обновениот фирмен кориснички интерфејс Емоушн УИ.
Смартфонот Хуавеи Хонор П8 има и цена: 479 американски долари.