Епл ќе користи флексибилни екрани

од Vladimir Zorba
144 прегледи
Епл доби уште еден патент кој алудира на идните планови на компанијата да пушти ајФон со страничен екран. Станува збор за „електронски уред со флексибилен дисплеј“, според документот издаден од американскиот патентен завод УСПТО.Apple-flexible-display
Во описот се наведува дека дел од екранот ја покрива странатa на куќиштето, може да се користи за управување со одредени функции – на пример регулирање на звукот за време на повик или промена на песни во плеерот.
Со други зборови, екранот е универзален, за разлика од хардверските копчиња, и неговите функции може да се дотеруваат за секоја пуштена апликација.
Уште во 2013 година, ривалот Самсунг го претстави првиот во индустријата паметен телефон со закривен екран – моделот Галакси Раунд, а неодамна компанијата го демонстрираше стилскиот предводник Ес6 Еџ со странични дисплеи.
ЕлЏи исто така има во своето портфолио закривени екрани – Џи Глекс, па така Епл не може да претендира за новаторство во оваа област. Во Купертино сепак можат да си извлечат поуки од грешките на конкурентите и да понудат поповолни решенија.