ПејПал ќе предвидува вируси

од Vladimir Zorba
91 прегледи
Платежниот оператор ПејПал ја стекна израелската компанија ЦиАктив, која развива уникатна технологија за предвидување на појава на нови вируси. Вредноста на зделката не беше пријавена, но според ЗДНет таа изнесува околу 60 млн. долари.online_payment
Технологијата на Израелците е способна да прогнозира какви малициозни програми ќе измислат сајбер криминалците во блиска иднина и на тој начин помага за организирање на одбраната, пред да започнат првите напади.
Според специјалистите на ЦиАктив, дури и најсовршените вируси имаат заеднички компоненти со малициозни програми од претходните генерации. Можат да се видат сите методи кои се користат од страна на хакерите, и да се предвидат нивните идни опции. Дури и најголемите напади од изминатите години како Флејм и Стакснет имаат заедничко јадро.
Инаку, основачите на компанијата се истакнати експерти во областа на информациската безбедност.