Коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Павле Трајанов инаку екс министер за внатрешни работи заРадио Слободна Европа вели дека не е точна тезата на власта дека во земјава прислушувале тајни служби.
Според него одговорноста за прислушувањето паѓа врз власта. Материјалите кои ги објавува опозицијата Павле Трајанов ги оценува како автентични. Тој побара транспаретна постапка од јавниот обвинител.
„Јавниот обвинител мора да спроведе една опширна јавна транспарентна истрага и тие информации коишто се презентирани на еден или друг начин да ги документираат и зависно од тоа дали тие ќе се покажат како точни информациите, да спроведат соодветна постапка, инаку нема сомнение дека се работи за автентични материјали“, вели Трајанов, кој додава и дека според досегашните информации во јавноста повеќе од јасно е дека системите во МВР, како што додава, биле употребени или злоупотребени за прислушување. Затоа тој нагласува дека одговорноста паѓа врз власта, бидејќи државата мора да има контрола“, вели Павле Трајанов за Радио Слободна Европа.
„Ние мора да го расчистиме до крај овој случај или оваа мега афера за да не се повтори никогаш повеќе, значи ние постојано имаме злоупотреба на овие системи, од 90-тите години наваму постојано имаме и никогаш докрај не сме ги расчистиле. Знаете овие работи се специфични само за авторитарни држави, тогаш кога тој што практично ја води државата сака да има информации, да навлезе во интимата на секој граѓанин“, вели Трајанов.
Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк.
