Шилегов до Груевски: Не е до големината на трибината, туку до кажаното

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Откако ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе одржи трибина во недела, во салата „Борис Трајковски“, на својот фејсбук-профил реагираше портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов:

 

„И сега Груевски ќе држел трибина во салата „Борис Трајковски“. Веројатно сака да покаже дека може поголема трибина да направи. А бре будалче (што би рекол народот), ако сакаме, стадионот ќе го наполниме за еден ден.

Треба да разбереш дека не е до големината на трибината, туку до содржината на кажаното.
А твоето е кажано, дури прекажано. Криминалец, најобичен. Ништо повеќе. А можеби и не е лошо да размислиш, така пред полна сала, да си дадеш оставка, а? Направи нешто храбро и добро, за првпат во животот“.

Извор: Мета