НЕ само што не ги слушаат неговите пораки и не ги обjавуваат материјалите кои им ги остава , туку МРТВ отидоа чекор повеќе – не го пуштија Стојанче Ангелов да влезе да гостува на емисија.
– Да не ви правам непријатност – рече Ангелов.
На ова дечките од 103-ка одговорија: „Нас и онака ни е непријатно“!
Тука се вмеша обезбедувањето и не дозволи Ангелов да влезе во просториите на радиото.
Но сепак беше снимена изјава од Ангелов која беше емитувана во програмата.
Ангелов бара МТВ да ги емитува снимките од пресовите на опозицијата во вестите, бидејќи „јавниот сервис има таква должност и обврска, бидејќи за неа плаќаат претплата сите граѓани. Ангелов потоа и преку Фејсбук раскажа што се случило:
ЦЕНЗУРА
Додеке бев во објектот на МРТВ се сретнав со двајца водители од култниот “Канал103“ или “парчето светлина во мрачните лавиринти на македонската радио- телевизија! smile emoticon
Водителите ми предложија да отидеме во студио и да гостувам во нивната емисија. Прифатив без да му ја мислам и тргнав по нив. Тогаш ни пријде човек од обезедувањето и ни објасни дека јас не смеам да влезам внатре. Ми падна жал за човекот. Возрасен маж, со мустаќи, пред пензија. Не сакам да му ги загорчувам последните работни денови. Тој најмалку е виновен што му дале таква наредба. Има време, ќе гостувам друг пат.
Затоа, уште еднаш ве повикувам, дојдете утре, сабота, во 12.00 часот пред МРТВ! Дојдете за заедно да ја оослободиме од стегите на режимот! За доброто на сите македонски граѓани!
П.С. Во недела протестен марш! Старт во 12.00 часот пред споменикот на бранителите! Цел: МРТВ! Дојдете да маршираме заедно!
14.03.2015 година
Генерал Ангелов
.

