Првично “Епл” излезе од зоната на удобност и најави дека претстојниот часовник “Епл” ќе биде достапен во повеќе од 100 комбинации на бои и материјали.
Тоа е сосема невообичаено за инаку линеарната компанија за електроника.
Сега по сè изгледа дека “Епл” ќе спакува полуксузна варијанта на паметен часовник во деликатна кожена кутија, која служи и како полначка база наместо сјајна картонска кутија за еднократна употреба. Тоа ќе биде целосно ново искуство за купувачите.
Часовникот, изработен од 18 карати злато, ќе се нуди во кожена лименка, која е покриена со велур одвнатре. Таа наликува на кутиите во кои сме навикнати да ги гледаме луксузните швајцарски часовници. Во нив има магнетна рампа за полнење.