Берлускони сакал “русите” да му бидат алиби за рушење на владата на Романо Проди

од desk3
97 прегледи

Истрагата за смртта на Александар Литвиненко открива се повеќе докази против руските агенти Андреј Луговој и Дмитриј Ковтун, но речиси ништо не се зборува за другиот човек, кој се сретнал со поранешниот шпион на денот на труењето , пишува британскиот весник “Индипендент”.

0000257329-article2

Станува збор за Марио Скарамела, кој тврди дека го предупредил Литвиненко дека е вклучен, заедно со самиот него, во листа на луѓе кои Кремљ сакале да бидат убиени.

Првичното сомневањето за убиството на Литвиненко падна врз Скарамела, како хипотезата беше дека Италијанецот ставил радиоактивен отров во храната на поранешниот агент на КГБ, додека двајцата се ручале во суши бар во Лондон.

Оваа теорија беше отфрлена, но Скарамела, кој за разлика од двајцата руски агенти, немал мотив да го убие Литвиненко, продолжува да е мистерија, наведува весникот.

Скарамела бил советник на комисијата “Митрохин”, основана од поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони за време на неговото управување со привидната цел да се открие тајната улога на Русија и КГБ во Италија. Подоцна стана јасно дека вистинската нејзина цел била да се открие – или ако е потребно, да измисли – поврзана со Русија нечистотија, со која Берлускони би ги наклеветил политичките непријатели и поконкретно противник Романо Проди, истакнува весникот.

Според авторот на статијата нема сомнение дека Скарамела се сретнал со Литвиненко на 1 ноември 2006 година, но вистинската причина била друга.

Берлускони, кој ги изгуби изборите со мала разлика во истата година, се обидувал да ја собори владата на Проди со големи демонстрации и очајно барал докази, со кои сакал да го наклевети својот ривал. При претходна средба со Скарамела, Литвиненко очигледно му дал уверување во поддршка на тврдењето дека Проди бил инструмент на Кремљ.

Од непознати причини тој “одлучил да го каже она што Скарамела сакал да се слушне”, како што тврди друг Русин,кој присуствувал на состанокот. Овој пат Скарамела се вратил, за да побара докази, но Литвиненко немал што да му предложи, се вели во материјалот на “Индипендент”.

Литвиненко се разболе неочекувано на 1 ноември 2006 година.Следниот ден неговата здравствена состојба се влошува и тој е примен во болница. Првично лекарите претпоставуваат вирусна инфекција. Откако неговиот третман сепак се испостави неуспешен и неговата состојба продолжува да се влошува, тие обрнуваат внимание на претпоставките на пациентот дека може да е отруен. На 23 ноември Литвиненко почина во болница. Како причина за смртта е потврдено труење со радиоактивен полониум-210.