Во зоната на островите, изложени на ударот на тропскиот циклон “Пам”, живеат најмалку 54 000 деца. Точниот број на загинатите продолжува да биде непознат, бидејќи со некои острови воопшто нема врска, соопштија од ОН, јави радио Radio New Zealand.

“Како да настапуваше крајот на светот, секаде а во центарот на Порт Вила се разнесе како монструозна бомба. Во градот нема вода, нема струја. Засега не знаеме колку луѓе загинале на другите острови, бидејќи немаме врска со нив. Но, јасно е дека ситуацијата е доста сериозна. Според прелиминарната оценка на УНИЦЕФ, меѓу настраданите од циклонот има најмалку 54 000 деца “, рече претставникот на организацијата на ОН Елис Клемантс, цитиран од” Фокус “.
Од Австралија кон Вануату отпатувале вработени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и други хуманитарни организации. Метеоролозите веќе определија “Пам” за една од најмоќните природни катастрофи во историјата на Океанија.
Претседателот на Вануату Болдвин Лонсдејл ја повика меѓународната заедница веднаш да испрати помош на неговата земја по ударот на тропскиот циклон “Пам”, кој ја уништил малата Пацифичка островска држава.
Лонсдејл соопшти дека засега не знаат точните податоци за штетата, но ги опиша како ужасни. До моментов продолжува да е непозната судбината на жителите на многу оддалечени острови, вклучувајќи и на јужната провинција Тафеа на кои циклонот им нанесе најсилниот удар.
Во земјата е прогласен режим на вонредна состојба. Во главниот град на државата, каде што живеат околу 47 000 луѓе, меѓу 80 и 90 проценти од станбените згради се урнати. Во градот нема струја. Во урнатини станаа и административни згради, болници, патишта и мостови,а е нарушена и работата на аеродромот.
Премиерот на Тувалу соопшти дека околу половина од населението на ова Пацифичка држава е останато без засолниште од циклонот “Пам”, пренесе радио Radio New Zealand. Енел Сопоага рече дека повеќето луѓе кои живеат на надворешните острови се тешко погодени откако куќи и посеви беа срамнети, а најмалку еден остров е целосно поплавен. Според него постои загриженост за безбедноста и здравјето на луѓето, откако некои гробишта беа уништени.
“Четириесет и пет проценти од населението на Тувалу, од кои повеќето сенадворешни острови, се погодени лошо, тешко повредени. Ние се грижиме за последиците со оглед на хигиена и набавки на основни работи како храна, лекови и вода “, вели Сопоага. Тој појаснува дека владини тимови ќе ги посетат оддалечените острови за да ја оценат големината на штетата и да испораат помош.