Пред некое време ентузијастичка мајка со голема фантазија и симптоматска креативност започна да го маскира своето бебе додека спие . Покрај тоа, таа го украсуваше креветот околу него, за сето тоа да биде во синхронизација со визијата на малото бебе.
Идејата им се допадна на луѓето и многу други мајки низ целиот свет го следеа примерот. Малите ангели сепак не се единствениот предмет на овој смешен “експеримент” или поточно тренд, а за некои – мода.
Американското куче Руф , живее среќно во Санта Моника, Калифорнија, исто така, може да се пофали со различни “подвизи”, додека престојува во земјата на соништата. Неговиот сопственик одлучи да го направи модел кој има многу лица и влегува во различни слики .
Еднаш Руф е елен , друг пат домаќинка , која чисти, трет пат турист или пак волшебник . Листата, се разбира, не завршува само тука.








