Повеќе луѓе незадоволни од американизацијата на Европа излегоа денеска на улиците на германскиот град Хановер, за да го искажат своето незадоволство од намерното зголемување на тензиите во Украина, пренесе Press TV.
Учесниците во протестот носеле плакати со апели за прекин на теророт на САД и борба против новиот светски поредок. Познатиот германски новинар Кристоф Хорстел го обвини канцеларот на земјата Ангела Меркел во поддршка на нацистите во Украина. “Сакам да ја видам како се соочува во судот, каде што ќе биде докажано дека таа ги поддржува нацистите во Украина”, изјави тој.
