Експанзивната политика на Фејсбук не само што продолжува со полна сила, но и нема намера да престане. Изминатиов викенд стана јасно дека социјалната мрежа го купила пребарувачот TheFind.com.
90
– Во последните девет години работевме напорно за да ги подобриме услугите кога купувате нешто, за да го правите тоа ефикасно и да биде забавно пребарувањето во сите продавници во интернет просторот, додека го најдете вистинскиот производ што сакате да го купите, пишува TheFind на својата страница.
– Го започнуваме следното поглавје откако ги здруживме силите со Фејсбук, за да привлечеме повеќе клиенти.
Се очекува во скоро време членови од тимот на компанијата да се приклучат на социјалната мрежа, каде што можат да планираат како да ги рекламираат технологиите кои ги развиваат. Стекнувањето ќе предизвика прекин на работата на TheFind.com за неколку недели, но, ако судиме според историјата, порано или подоцна тоа ќе даде повеќе од позитивни резултати.
– Заедно ќе ги направиме Фејсбук рекламите поактуелни и подобри за корисниците, сподели социјалната мрежа во соопштението.