Првиот паметен телефон на ВАИО

од Vladimir Zorba
113 прегледи
Корпорацијата ВАИО се формираше кога Сони лани го продаде компјутерскиот бизнис, а сега новата компанија влегува во категорија производи, во која Сони сеуште има сериозно присуство, односно паметните телефони. Телефонот ВАИО беше официјално објавен во МВНО Б-мобајл, a неговата цена е околу 420 долари.318583-sony-vaio-phone
Смартфонот е од средната класа – нуди 5-инчен 720п дисплеј, 4-јадрен процесор со 1.2ГХз такт и 13-МП главна камера. Дебелината е 7.95мм, а оперативниот систем Андроид 5.0 Лолипоп. Предлогот на ВАИО доста личи на Нексус 4, a јапонскиот сајт „Блог оф Мобајл“ наведува дека смартфонот е речиси идентичен на уредот Елуга У2 на Панасоник.
Овој уред едвај ќе се нуди надвор од Јапонија, но сепак ќе биде интересно да видиме како ќе се развива ВАИО во овој сегмент, особено кога има многу шпекулации за иднината на смартфоните на Сони.