Кина започна да прави венчаници на 3D принтер

од Vladimir Zorba
93 прегледи
Кинеска компанија го почна печатењето на свадбени фустани на 3D печатач.Visitors-look-at-3D-printed-wedding-dresses

Иако повеќето невести сонуваат за уникатен фустан, уште повеќе од познат дизајнер меѓу круговите од високата мода, тоа наскоро ќе остане во минатото. Овој викенд на Експо во Шангај технолошки експерти создадоа венчаница со помош на пластична пудра и модерни технологии, наместо со свила, чипка и шифон.

Фустаните, создадени преку печатач, исто така, се меки на допир, удобни за носење и не на последно место-трајни. Според истражувачите оваа технологија може целосно да ја промени свадбената мода.