“Националниот фронт” на Марин Ле Пен е фаворит за локалните избори во Франција

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Крајнодесниот “Национален фронт” во Франција ќе освои најмногу гласови во првиот круг на локалните избори во земјата во неделата, а владејачката социјалистичка партија ќе биде на третото место по успех, покажуваат анкетите. Француското списание “Фигаро “објави резултатите од рејтинзи, предвидуваат дека 30% од гласовите ќе одат кај Фронтот на Марин Ле Пен.

zx450y250_2492383

Блиски се резултатите  и на предводената од поранешниот претседател Никола Саркози “Унија за национално обединување”, заедно со десноцентристичката “Сојуз на демократите и независните” – 29%.  Социјалистите на Франсоа Оланд , според истражувањето, значително заостануваат со 19% од гласовите. Бројките  на резултатите од локалните избори значително се раздвижија , додека Франција ја оценува каква е можноста на Марин Ле Пен да заработи доволно поддршка за да отиде во вториот круг на претседателските избори во 2017 година,  “Национален фронт” веќе постигна сериозен успех, и стана водечка партија на изборите за Европскиот парламент во 2014 година.

Анкетата, спроведена од 11 до 13 март, исто така, предвидува дека 54% од Французите нема да гласаат. Околу една третина од испитаниците сепак изјавиле дека се уште не се сигурни во својот избор. Во неделата, 22 март, ќе се одржи првиот круг на изборите за советници во француските департмани, а на 29 март –  е вториот круг.