Затоа не е изненадување дека во земјата има многу луксузни хотели со цел да ги задоволат дури и оние со најистенчен вкус.
Со цена од 35 милиони долари Salinda Phu Quoc Island Resort and Spa е еден од нив. Тој е отворен во текот на месец декември минатата година и се наоѓа на територијата на најголемиот виетнамски остров – Phu Quoc.
Гостите на луксузниот комплекс на плажа може да се радуваат на прекрасна плажа Лонг Бич, од која дел е одделен специјално за нив. Покрај тоа, тие не треба да се загрижени за своите летови, бидејќи меѓународниот аеродром се наоѓа на само 10 минути од хотелот.
Најголемиот виетнамски остров Phu Quoc е неверојатно убав – опкружен со фин песок, кристално чисти води и импресивна природа.
Друга негова предност е тоа што се наоѓа на само 50 километри од копното на земјата, како и на 40 минутен лет од градот Хо Ши Мин.
Островот се наоѓа меѓу Виетнам и Камбоџа, а самиот хотел е позициониран во Смиреното гратче Duong Dong. Архитектурата на ризортот е инспирирана од интеракцијата на традиционалниот виетнамски стил и модерните трендови, распространети во целиот свет.
Луксузниот хотел располага со 121 соба за гости и колиба, од кои некои нудат неповторливи глетки кон океанскиот шир. За посетителите кои ги преферираат базените – луксузниот хотел располага со “Инфинити“ базен.
Не на последно место – гостите на виетнамскиот ризорт можат да се подложат на стари лековити техники вклучуваат хербални и холистички средства за добро здравје. Спа центарот располага со вкупно седум соби за терапии и уште две за тајландски масажи.