Името “Русија” се погласно се претвора во синоним на зборот “опасност”. Најмногу за источните европски земји, од кои многумина сонуваат за нова железна завеса. Но овој пат помеѓу нив и Русија.Коментар од рускиот политиколог Иван Преображенскиј:
Пред околу една година, во март 2014, ја преминав полско-белоруската граница, излегувајќи од територијата на Европската унија. Владимир Путин токму што го беше потпишал законот за усвојување на Крим и Севастопол во составот на Русија. Откај полската страна на границата ме проверуваат час и половина. По едно време ми здосади да чекам, пак и разбирав дека само ми прават демонстрација кон променетиот став кон руските граѓани. Извадив новинарската картичка, по што граничарите веднаш ме пуштија, а директно го фрлија мојот пасош низ прозорецот на автомобилот. Значи лично јас го доживеав незадоволство на Европејците од активностите на руските власти.
“Ние Крим го гушнавме, та тука ли нема да пробиеме пат!”
Два месеци подоцна повторно имав можност да набљудувам како Европејците реагираат на пристапувањето на Крим. Во центарот на Прага на некаква прослава се собра преполна толпа. Една руска туристка која гласно објаснуваше дека пристигнала од Москва специјално за овој празник, се обидуваше за себе да си пробие пат напред. “Ајде де, ние Крим го гушнавме, та и го попречи патот. За разлика од настојувањето на ЕУ Москва веднаш да го врати Крим на Украина, активностите на овој Чех изгледаа прилично порешителни, па Русинката беше принудена да престане.
Имам уште куп слични примери. Еден микробиолог ја повлекува поканата кон руски колега да ја посети неговата лабораторија: “Нели ја разбирате политичката ситуација …”. Еден психолог одбива да замине на конгрес во Русија, а возрасен Германец, кој држи мал ресторан во Италија, го сумира ставот на повеќето Европејци: “А, бидејќи значи Вие сте од Русија … Јас многу ја сакам Русија, но вие постојано создавате само проблеми “.
Социолозите потврдуваат дека односот кон Русите всушност се влошува. Во јануари 40 проценти од Чесите веќе изјавија дека не сакаат да имаат земање-давање со Русија. Симпатии кон Русите покажат само 19 од граѓаните на Чешка. Година порано соодносот беше сосема друг.
Нека не се лажеме. Во Средна и Источна Европа, односно во земјите кои или беа дел од Советскиот Сојуз (Литванија, Латвија, Естонија), или пак членуваа во Варшавскиот договор (Полска, Чешка, Словачка) по падот на комунистичките режими односот кон Русија по традиција е премногу комплицирано. Секогаш негативно, но и многу ретко се наоѓа симпатија.
Кога во 1994 година во Прага ја одбележаа годишнината од “кадифената револуција”, вработените во руската амбасада препорачуваа на група руски ученици да не одат на Вацлавскиот плоштад, пак и воопшто во центарот на градот. А еден пијан тинејџер од предградијата на полската престолнина Варшава директно ми викна во лицето дека сум непријател откако го дочу мојот руски акцент

Независно од сето тоа елитите на овие земји, со многу ретки исклучоци, се трудеа да се однесуваат неутрално кон Русија: голем пазар, важен партнер и така натаму. Но по Крим тие нагло го променија односот.
Уште од средината на 1990-те години руските власти продискутирааа дека европските медиуми и европската политика се однесуваат неправедно кон Русите. Но во тоа време уште имаше дискусија меѓу симпатизерите на Русија и оние кои отворено не ја сакаа. Денес мислењата нагло се поларизирани и веќе нема никаква дискусија.
Црвената линија
Во Европа има двајца-тројца дежурни пријатели на Кремљ. Против нив сепак се надоврзуваат мнозинството новинари, кои сметаат дека со анексија на Крим Русија ја поминала црвената линија зад која не е можно да се одобруваат нејзините активностите . Овие новинари добро знаат дека над 80 проценти од Русите го поддржуваат Владимир Путин. Односно, дека голем дел од населението е подготвено да ја сподели со него вината за Крим. А откако е така, велат повеќето новинари и политичари во источниот дел на ЕУ, дека значи веќе нема смисла да правиме разлика помеѓу народ и власт, како шро се однесувавме порано, во советско време.
Сличнен е ставот и на луѓето. “А што ќе ми кажете за Украина?” – посамоуверено прашува дури и обичниот физиотерапевт во случајно европско одморалиште. Оние Руси кои френетично бараат поддршка, природно се сеќаваат како еден бугарски продавач на сувенири или пак некој германски таксист ги уверуваат дека “обичните Европејци” ги сакаат руските лидери дури и повеќе отколку што го прават тоа самите Руси – станува збор за она добро познато : “Ех, де и ние да имавме лидер како Путин!”. Но, ова не е еднаш. Нешто како да воздивнуваат на времињата на “железниот канцелар” Бизмарк или на не помалку “железната леди” Тачер, ако не и на самиот Бенито Мусолини.
Всушност повеќето граѓани на Источна Европа веројатно го делат мислењето на британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд дека “активностите на рускиот претседател Путин при незаконската анексија на Крим и во користењето на руски војници за дестабилизација на Источна Украина сериозно ја поткопа безбедноста на земјите во Источна Европа”.
Значи денес новата “Железната завеса” не е само некакво страшило, создадено од новинарите, туку сон на многу европски граѓани.
