Гробот на соборениот ирачки диктатор Садам Хусеин е речиси израмнет со земјата, соопштува Би-Би-Си.
Снимки од Асошиејтид прес, покажуваат дека сè што останало од некогаш раскошниот мавзолеј во селото ал-Авджа се неколку блокови.
Ирачките војници и поддржани од Иранските шиитска милиција се борат да го истиснат борците на “Исламска држава” (ИД) од Тикрит.
Минатата година локалното сунитско население објави дека го отстранило телото на Садам и го пресели на непозната локација. Гробот беше преземен, кога борбите северно и јужно од Тикрит се засилија, а ирачките сили за безбедност се заколнаа дека ќе стигнат до центарот на градот за 48 часа.
Снимките го покажуваат мавзолејот, јужно од градот, претворен во бетонски остатоци. Сликите на Садам со димензии на постерите кои некогаш го покриваа, се заменети со знамиња на шиитската милиција и слики на нејзините лидери, вклучувајќи и на иранскиот генерал Касем Солејмани .
Лидерите на милицијата соопштија дека ИД се држи силно и оставиле многу бомби и стапици по себе, соопшти дописникот на БиБиСи во Блискиот Исток Џим Муир.
Постојат сомневања дека гробницата е намерно уништена од шиитската милиција, додаде тој. Tамошното огромно учество во овој напад во чувствителната сунитска територија покренува загриженост од верски последици. Сунитското население, кое е избркано, се плаши да се врати во териториите контролирани од шиитските милиции, кои сакаат да се одмаздат за масакрите извршени од ИД против нивната заедница.
“Ова е една од териториите каде борците на ИД се собираат најмногу, зашто гробот на Садам е тука. Кога формиравме заседа, тиа поставија бомби наоколу”, вели капетан Јасер Нума, член на милицијата.
Минатиот август ИД тврдеше дека гробницата е целосно уништена, но локалните власти го негираа ова, велејќи дека таа е разграбена и претрпела само лесни оштетувања.
Садам Хусеин, кој е од Тикрит, беше заробен од американските војници во 2003 година. Ирачки трибунал го осуди за воени злосторства против човештвото поради убиството на Курди и муслимани – шиити. Тој беше обесен во 2006 година. Телото се чуваше во мавзолејот од 2007 година. Тој претставуваше мермерен октагон со свежо цвеќе кои покриваа местото каде е погребан. Според ирачки медиуми, лојалисти ги преселиле остатоците на диктаторот поради загриженоста дека тие можат да бидат уништени при борбите.
Тикрит беше окупиран од ИД минатиот јуни и се претпоставува дека таму живеат неколку илјади борци.
Провладините војници испратени против нив вклучуваат 3.000 ирачки војници и 20 000 шиитски милитанти и многу помала војска од сунитските племиња. Ирачките власти го сметаат заземањето на градот за витален чекор кон други територии, контролирани од ИД, вклучувајќи го и Мосул, вториот најголем град во земјата.
