Над 5000 украински војници по Крим, пребегале кај Русите

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Над 5000 украински војници  останале на територијата на Крим по приспојувањето кон Русија, соопшти РИА Новости, повикувајќи се на изјава на украинскиот главен воен обвинител Анатолиј Матиос.

20150316.rfgtgzpxnc

Против повеќе од 3.000 се поведени постапки за напуштање и предавство. Матиос навел дека “Ова се 5.000 луѓе од различни родови војници – авијација, поморски сили и други делови”. Значителен дел од личниот состав на украинскиот флота, вклучувајќи  го новоименуваниот командант адмирал Денис Березовски, кој  преминуваат на страната на Русија уште во почетокот на конфликтот. Сите тие влегуваат  во руската флота.