(ВИДЕО) Шеф на жири се претвори во Кончита Вурст

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Претседателот на жирито на музичкиот форум кој го избира претставникот на Шведска за Евровизија, се претвори во Кончита Вурст.

57-годишниот Кристер Бјоркман кој е отворен геј, излезе на сцената во златен фустан, со брада и силна шминка. Тој ја пееше Rise Like A Phoenix, песната со која Кончита Вурст победи на Евровизија 2014.image

Бјоркман го стори тоа не со цел пародизирање на брадестата Австријка. Тој едноставно ја замени Вурст, која требаше да пее, но летот  за Стокхолм ѝ задоцни. Вурст се појави кон крајот на шоуто, за да ги објави резултатите од гласањето на жирито.

57-годишниот Бјоркман е поранешен фризер и пејач, кој ја претставил Шведска на Евровизија 1992.