Како Мајкрософт ќе го промени системот на надоградби во „десетката“

од Vladimir Zorba
94 прегледи
Официјалното претставување на Виндоус 10 на пазарот се појави како еден од најинтересните настани кои не чекаат во технолошката индустрија во текот на годината. Последната тест верзија ни открива детали за интересна функционалност која Мајкрософт ќе ја вклучат во платформата. Благодарение на неа ќе можеме да добиеме надоградби, преку peer-to-peer врска, што е доста корисно, пренесоа Енгаџет.windows_10_3057549b
За возврат, ова значи дека ќе можете да ги обновите своите уреди од другите машини, кои се поврзани на иста мрежа, во кои сте и вие. На овој начин можете да си заштедите не само непотребен сообраќај на мобилен интернет, но максимално брзо да ги надградите своите уреди, дури и ако имате неколку компјутери. Досега Мајкрософт ги обезбедува ажурирањата во форма на фирмвер надградба, но во иднина ќе имаме доста повеќе можности.
Софтверскиот гигант веќе ја купија компанијата Пандо Нетворкс пред две години, а нејзината активност е специјализирана токму во peer-to-peer врските. Се очекува Мајкрософт да ги користат токму нејзините технологии, за да ја претворат новата реалност во корисна функционалност во Виндоус 10.