Летечкиот АероМобил излегува по две години

од Vladimir Zorba
130 прегледи
Во 2017 година на пазарот ќе излезат првите летачки автомобили, уверуваат учесниците во проектот АероМобил. Во моментов, компанијата го усовршува летачкото возило и ги испитува можностите за негова сертификација во различни држави.aeromobil-flyingcar
Сличен автомобил ќе чини неколку стотици илјади евра, соопшти Јурај Вацулик, генерален директор на АероМобил, за време на конференцијата SXSW во Остин, Тексас.
Возачите ќе мора да поминат стандардна процедура за спроведување на летови и да добијат потврда дека можат да управуваат со летечки автомобил.
Програмерите сеуште избираат материјал за шасијата на АероМобил, која треба да е доволно лесна и во исто време цврста, така што автомобилот ќе добие дозвола за продажба и летови во различни земји во светот.
Претстои да бидат надминати редица правни пречки, како и да биде изградена инфраструктура – особено терени за полетување и слетување. Според зборовите на Вацулик, сите овие проблеми ќе бидат решени до поставување на АероМобил во продажба по две години.
Проектот ужива силна поддршка од страна на ЕУ. Се претпоставува дека местата за полетување и слетување ќе се изградат до автопатите и обичните патишта. Автомобилот има потреба од писта во должина од 200 метри за полетување и 50 метри за слетување.