Иво Вајгл од ЕП потврдува олеснувачка улога во нашата криза

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Европскиот пратеник од редовите на либералите Иво Вајгл потврди дека тој и неговите колеги, Ричард Ховит од групата на социјалистите и Едвард Кукан од демохристијанската политичка група, ќе се ангажираат да им помогнат на македонските најголеми партии да седнат на маса и да почнат да разговараат, јавува дописникот на НОВА од Брисел.

Сепак, како што пишува порталот, тој рекол дека нивната улога би била таа на олеснувачи а не на медијатори: “Медијатор значи дека ние би дале предлог а тоа не е нашата улога. Ние можеме да бидеме олеснувачи за да се разговара, затоа што решението треба да го најдат самите политички партии”.

Ова за Нова го потврдила и Европската комисија. Нејзиниот портпарол изјавил денес денес дека „политичката обврска останува на партиите во Македонија да покажат одговорност и да се вклучат во конструктивен дијалог за надминување на сегашниот ќорсокак и да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и сите нејзини граѓани“.

Вајгл за порталот вели дека постојат два дела во македонската криза. Од една страна е политичкиот дијалог каде што ЕП би можел и спремен е да помогне. Од друга страна тука е и истрагата за случаите со кои се соочува Македонија и која во која треба да се добие помош на експерти за правни прашања.

– Политичката криза треба да се решава одвоено од проблемите кои се однесуваат на правната разврска – рекол тој.