Претседателот на Русија Владимир Путин се сретнува со шефот на државата на самопрогласената република Јужна Осетија Леонид Тибилов, објавија руски медиуми . Двајцата лидери ќе потпишат договор за сојузништво и интеграција меѓу Русија и Јужна Осетија.
Прес секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков појасни дека договорот предвидува создавање на заеднички простор за одбрана и безбедност, слободно прекугранична, соработка меѓу министерствата за внатрешни работи и поедноставување на процедурите за добивање на руско државјанство. Договорот ќе биде склучен за период од 25 години, по што ќе може да биде обновен.
