Австралијката Бјанка Фази пушти оглас за да го најде таткото на нејзиното дете.
По авантура за една ноќ Бјанка со изненадување открила дека е бремена, бидејќи лекарите ѝ рекле дека поради синдромот на поликистозните јајници може тешко да забремени.
Сѐ што таа знае за таткото на детето е дека се вика Џереми и живее во предградие на австралискиот град Перт. Жената се обидувала да го најде додека била бремена, но неуспешно.
Два месеци по раѓањето таа продолжува да го бара со објави на медиуми и социјалните мрежи. Многу често се судира со предрасудите на луѓето кои ја нарекуваат лоша мајка. Австралијката вели дека нема да се откаже, и покрај прекорите и коментарите, според кои требало да направи абортус.